Свет

„Алди Зид“ почнува со испорака на намирници

05 Sep 2023
„Алди Зид“ лансира сопствена услуга за испорака на намирници. Отсега услугата, која досега беше достапна само за вработените во „Алди“, ќе се прошири и на останатите корисници под името „Mein Aldi“. Сепак, тестирањето првично ќе се спроведува само во три продавници.
 
Нарачаната роба нема да се испорачува од продавнициte, туку од мало складиште, т.н. dark store. На потрошувачите им се нуди избор од околу 1.300 производи преку веб-страницата или преку апликацијата.
 
Во иднина ќе се тестира и системот „Click & Collect“ со кој потрошувачите ќе можат да нарачуваат производи преку интернет и потоа сами да ги подигнат во продавницата.
 
Трговецот планира да наплаќа такса за испорака за да го финансира проектот. Тестирањето што го прават сега треба да покаже како тоа најдобро може да се спроведе.
 
Воведувањето на оваа опција на национално ниво не е планирано. Ова сега е само тест, нагласија од „Алди Зид“.
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...