Трговскиот синџир „Едека“, во соработка со непрофитната организација ДКМС (Deutsche Knochenmarkspenderdatei), лансира ограничена линија на смути во рамките на асортиманот „All in Fruits“.
На овошните пијалаци има QR-код, кој потрошувачите ги води до формулар за пријава за донирање матични клетки, по што ДКМС им испраќа инструкции за аплицирање и испраќање на примерокот.
Од секоја продажба на ова смути „Едека“ ѝ доделува по 10 центи на организацијата ДКМС, кои се користат како помош во регистрацијата на нови донатори на матични клетки.
Од малопродажната компанија откриваат дека понатамошните планови се поврзани со промоција на акцијата на социјалните мрежи и ангажман на инфлуенсери за зголемување на свеста за донирање матични клетки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.