Свет

„Дијаџо“ вложува 26 милиони фунти во работењето во Северна Ирска

17 Aug 2023

Гигантот за алкохолни пијалаци „Дијаџо“ најави проширување на својот центар за глобално снабдување со брендот Baileys во Малуск, Северна Ирска, во вредност од 26 милиони фунти. Објектот во Малуск е едно од двете глобални производни локации за овој бренд. 

Во објектот во Малуск се произведуваат повеќе од 60 милиони шишиња Baileys секоја година, кои се дистрибуираат во 150 земји низ светот. „Дијаџо“ поседува уште две локации во Северна Ирска - едната е фабрика за конзервирање и пакување пиво во источен Белфаст, а другата е другата е нејзиното седиште во Белфаст. 

Ширењето на капацитетот во Северна Ирска ќе му овозможи на „Дијаџо“ да ги унапреди своите логистички и складишни можности. 

Се очекува работите на овој повеќегодишен проект да почнат на почетокот на 2024 година. 

Воодушевени сме што се одобрени нашите планови за ширење на локацијата во Малуск. Проширувањето ќе значи поддршка на магицинското работење, испораката и дистрибуцијата и се радуваме на можностите што ќе ни се отворат. Baileys ѝ дава значителен придонес на локалната економија на Северна Ирска. Над 97 отсто од нашето производство се испорачува ширум светот. Уверени сме дека проширувањето ќе ја поддржи пошироката стратегија за раст на „Дијаџо“, надоврзувајќи се на инвестицијата од 40 милиони фунти што ги вложивме во отворање на локации и тековни инвестиции за развој на Baileys, соопштија од компанијата.  

Извор: FoodBev
Фото: Screenshot/Diageo Youtube



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...