Свет

„Алди“ почна со испорака на храна

07 Aug 2023

Првпат дисконтниот синџир „Алди зид“ почна да тестира онлајн-услуга за испорака на прехранбени производи во Германија. Тестот се одвива во и околу седиштето на компанијата, градот Милхајм.

Преку онлајн-каналот ќе бидат достапни повеќе од три четвртини од вкупниот асортиман на „Алди“, односно околу 1.300 артикли. Во понудата ќе бидат вклучени амбиентални, но и разладени и смрзнати производи. Цените ќе бидат исти како во продавницата, а испораката ќе се врши од т.н. „магацин во сенка“ (dark warehouse) со електрични комбиња.

Ова е голема вест, со оглед на фактот што германските хард-дисконтери, „Алди“ и „Лидл“, се познати по тоа што досега не сакаа да се вклучат во онлајн-каналот поради страв од канибализација на продажбата во нивните физички продавници. „Алди“ сега го спроведува тестот веројатно за да стекне искуство со онлајн-моделот за продажба на храна, модел од кој компаниите тешко можат да профитираат.

Подоцна се очекува дисконтерот да тестира дополнителени услуги „клик & колект“.

Извор: B92 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...