Свет

Бразил: „Карфур“ пријави пад на профитот од 95 отсто во вториот квартал

27 Jul 2023

Бразилската единица на „Карфур“ пријави пад од 95,2 отсто во својот корегиран нето - профит во вториот квартал и достигна 5,52 милиони евра, погоден од финансиското влијание од неговото спојување со „БИГ“ - групацијата.

Оперативните трошоци на трговецот пораснаа за 32,2 отсто во однос на годината претходно, на вкупно 720 милиони евра.  

Трговецот, кој го купи „БИГ“ во средината на 2022 година, соопшти дека планира да ја зголеми продажбата во овие продавници до следниот квартал. Во вториот квартал од годинава, „Карфур“ успеа да конвертира 47 „БИГ“ продавници и да отвори шест супермаркети. 

Прилагодената заработка пред камата (ЕБИТДА) за компанијата падна за 21,7 отсто, на вкупно 250 милиони евра. 

Извор: esmmagazine
Фото: Carrefour



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...