Свет

„Џонсон&Џонсон“ ја зголеми прогнозата за профитот

24 Jul 2023

Американскиот гигант „Џонсон&Џонсон“ ја зголеми прогнозата за профит за 2023, поради „силен“ бизнис со медицински уреди и побарувачката за лекови за канцер, како што е Darzalex.

Откако компанијата се фокусираше на лекови и медицински помагала, акциите ѝ се зголемија за околу 2 отсто. Продажбата на лекот за мултиплекс миелом Darzalex изнесуваше вкупно 2,4 милијарди долари. Најпродаваниот антиинфламаторен лек, Stelara, исто така, ги исполни очекувањата на аналитичарите со продажба од 2,8 милијарди долари во кварталот.

 „Џонсон&Џонсон“ соопшти дека сега очекува заработка помеѓу 10,70 и 10,80 долари по акција на приспособена основа за 2023 година, што е помалку од претходната прогноза од 10,60 и 10,70 долари.

Продажбата во вториот квартал на единицата за медицински уреди достигна 7,79 милијарди долари, надминувајќи ги проценките од 7,55 милијарди долари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...