Свет

Бугарија: „Метро“ покрена мрежа франшизни продавници

21 Jun 2023

Синџирот „Метро“ лансира франшиза „Моја продавница“ („Моят магазин") во Бугарија. Новиот B2B2C деловен модел ќе им овозможи на трговците да понудат поатрактивно корисничко искуство, а истовремено да бидат и профитабилни.  

Со повторно покренување на франшизната мрежа, „Метро“ има за цел да им помогне на сопствениците на мали и средни компании да бидат поуспешни во еден од најконкурентните сектори. Пружајќи пакет услуги во рамки на брендот „Моја продавница“ сакаме да помогнеме за зачувување на традиционалните продавници во земјата и за развој на локалните заедници, изјави Никола Готрон, извршен директор на „Метро Бугарија“. 

До есенва компанијата ќе ја отвори и втората франшизна продавница, по што, од октомври, ќе ја покрене целата франшизна мрежа со цел да стане најголема таква мрежа во Бугарија до 2026 година. 

Извор: esmmagazine
Фото: Metro Bulgaria



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...