Свет

Глобалните трошоци за увоз на храна рушат рекорди

19 Jun 2023

Глобалните трошоци за увоз на храна би можеле да достигнат нов рекорд оваа година, иако би требало да се зголемат многу побавно отколку во 2022 година, бидејќи повисоките цени ја намалуваат побарувачката, особено во најранливите земји, процени агенцијата за храна и земјоделство на ОН, ФАО.

Трошоците за увоз на храна годинава би требало да достигнат 1,98 трилиони долари. Тоа е за 1,5 отсто повеќе отколку во 2022 година. Минатата година пораснале за 11 отсто, а во 2021 година за 18 отсто, наведува ФАО во својот полугодишен извештај. 

Загриженоста е зголемена поради фактот што пониските цени на основните прехранбени производи на меѓународните пазари не, или барем не целосно, се преточени во пониски цени во домашната малопродажба, што сигнализира дека притисокот врз трошоците за живот може да се прошири до 2023 година, се вели во извештајот на ФАО. 

Во исто време, агенцијата на ОН оценува дека годинава треба да се зголеми производството на повеќето прехранбени производи. Исклучок е производството на пченица, кое би можело да се намали за три отсто во однос на рекордните 777 милиони тони во 2022 година.

Извор: Hina.hr 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...