Холандскиот лидер во малопродажбата „Алберт Хеин“ спроведува тест за реалната цена на кафето во три од неговите продавници „Ту гоу“. Притоа, потрошувачите можат да изберат дали ќе платат редовна или фер цена. Доплатата на фер цена е наменета за Rainforest Alliance.
Со „вистинската цена“, трговецот има намера да обезбеди увид во реалните социјални и еколошки трошоци на палетата за производство. Компанијата „Тру прајс“ го пресметала износот за доплата на „Алберт Хеин“ врз основа на методот развиен од Универзитетот во Вагенинген. Со доплатата, меѓу другото, се компензира еколошката штета предизвикана од производството на кафе и млечни производи, како што се емисиите на CO2, употребата на вода и суровини. Освен тоа, доплатата им гарантира приход на земјоделците и на вработените во тој сектор.
Кафето по реална цена во продавниците на „Алберт Хеин“ може да поскапи до 36 центи за лате и најмалку за 8 центи за еспресото. По двомесечен тест, компанијата ќе оцени и ќе одлучи дали проектот ќе продолжи и ќе се прошири во повеќе продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.