Свет

Најлоша година во историјата на „Кооп“

25 Apr 2023

Данскиот трговец „Кооп“ пријави загуба од 84,2 милиони евра во финансиската 2022 година и ја опиша како „најлоша година било кога“ за групацијата. 

Од компанијата соопштија дека „големите вложувања“ во развој на работењето и падот на довербата на потрошувачите влијаеја на нејзиното работење. 

Минатата година „Кооп“ - Данска вложи 100,6 милиони евра во цените, конверзијата и трошоците за покренување нови дисконтни продавници и 910 милиони евра во нова САП платформа, „Кооп оне“, за која компанијата очекува да ѝ обезбедат значителна добивка во следните години. Во февруари годинава, „Кооп“ најави покренување и нова стратегија, под називот „Кооп на иднината“ со која треба да се воспостави најголем синџир супермаркети во земјата кој ќе тргива под истоимениот бренд. 

Со големи вложувања во нови синџири, со најсовремена ИТ платформа, со јакнење на сопствените приндови и со агресивен фокус на одговорноста, во следните години ќе им станеме уште попривлечни на купувачите, а со тоа ќе почнеме повторно да растеме и да го освојуваме пазарниот удел, соопштија од „Кооп“ - Данска. 

Извор: esmmagazine
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...