Италијанскиот гигант „Фереро“ оствари годишен раст на прометот од 10 отсто, на 14 милијарди евра, благодарејќи на своите водечки брендови Nutella, Ferrero Rocher и Kinder Bueno.
Резултатите за финансиската година 2021-2022, која заврши на 31 август, покажуваат дека компанијата оствари раст на продажбата од 12,7 до 14 милијарди евра. Групацијата не открива податоци за добивката, но наведува дека вложила 830 милиони евра во своите брендови, во истражувања и развој и во производствени капацитети.
Не е познато во која мера контаминацијата со салмонела во белгиската фабрика на „Фереро“ влијаеше врз бројките што ги оствари компанијата. Во април минатата година компанијата мораше да ја затвори оваа фабрика и повлече добар дел од потенцијално контаминираните производи. Дури во јуни производствениот погон беше условно отворен. Само чистењето на објектот го чинеше „Фереро“ најмалку половина милион евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.