Денес се одржува првиот од низата штрајкови во супермаркетите и логистичките центри по пропаѓањето на преговорите со компаниите за новиот колективен договор. Со штрајкот се опфатени повеќе од 160 продавници, главно големи супермаркети, и 16.000 работници.
Унијата ПАМ, која ги застапува барањата на работниците и Финската трговска федерација остануваат на различни страни по прашањата за платите. Синдикатот продолжува да бара зголемување на платите за по околу 200 евра.
Финската трговска федерација во соопштение наведе дека претставила неколку предлози за решавање на спорот, вклучувајќи и таков што би гарантирал зголемување за работниците кои го надминуваат таканареченото општо зголемување на платите.
Останува нејасно колку супермаркети би можеле да останат отворени користејќи ги услугите само на вработените во раководството на маркетите.
Од 13 февруари ќе почне и повеќедневен престанок на работата во логистичките центри. Штрајкот ќе се прошири на повеќе од 400 продавници за прехранбени производи и 26.000 работници во деновите меѓу 16 и 18 февруари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.