Според проценките на Евростат, европското биро за статистика, индексот на цените на земјоделските производи во 2022 е значително повисок од 2021, за сите главни категории производи.
Причини за зголемените цени се војната во Украина, сушата и други инфлаторни притисоци. Просечната цена на земјоделските производи порасна за 24 отсто меѓу 2021 и 2022 година. Притоа, најголемо е зголемувањето кај житарките, 45 отсто, кај јајцата, 43 отсто и млекото за 31 отсто. Поскапени се сите групи производи, а падот е единствено забележлив кај овошјето, за 3 отсто.
Нагло пораснаа и просечните цени на добрата и услугите што се користат во земјоделството, при што просечното зголемување е 30 отсто. Најбрз раст на цените кај житарките, јајцата и млекото е забележан во Финска, Франција и Латвија. Сушата минатата година ја намали достапноста до свежа трева како храна за млечните говеда на подрачјето на цела ЕУ и поради тоа се зголемија цените на млекото - најмногу во Белгија, Литванија, Унгарија и Латвија, за 50 отсто, а најмалку на Малта (9 отсто) и Кипар (3 отсто).
Просечните цени на житарките пораснаа во сите земји во ЕУ меѓу 2021 и 2022, во распон од 33 отсто во Австрија и Холандија, до високи 70 отсто во Финска. Цената на јајцата, пак, порасна и за 76 отсто во Франција, 75 отсто во Белгија, 68 отсто во Холандија.....
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.