Свет

САД: „Данон“ претстави крем за кафе на растителна основа

24 Jan 2023

„Данон“ претстави два нови кремови за кафе на растителна основа, под своите брендови Silk и So Delicious.

Silk е првиот што ѝ се приклучи на категоријата кремови на растителна основа, во 2018 година. Сега на асортиманот Silk се придружува и  Mocha Almond Creamer крем за кафе. 

Silk продолжува да им носи разновидност на потрошувачите кои бараат нови начини за уживање во своето кафе, а вкусната чоколадна арома на новиот крем од бадем е возбудлив начин за потрошувачите да уживаат, соопштија од „Данон“ - Северна Америка. 

Во меѓувреме, So Delicious го преформулираше својот крем од кокосово млеко за да му го подобри вкусот, а исто така лансира и нов производ - Sweet & Creamy Coconutmilk Creamer.

Оваа вест доаѓа по само три месеци откако „Данон“ најави дека во 70 отсто случаи ќе ги ажурира рецептите на своите алтернативи на млечни производи, правејќи ги похранливи и со помалку шеќери. Исто така, подобрена е и амбалажата на новите производи.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...