Независната компанија „Глобал брендс“ објави дека купува три бренда алкохол од компанијата „Молсон корс“, и тоа брендовите Hooch, Hooper's и Reef.
Овие брендови, кои по лиценца на „Молсон корс“ ги произведува и дистрибуира „Глобал брендс“ од 2012 година, сега ќе станат дел од портфолиото на оваа компанија.
Возбудени сме што гледаме напредок на „Глобал брендс“ во развојот на конкретните брендови во последната деценија и се радуваме на продолжувањето на успехот на Reef, Hooper's и Hooch. Одејќи напред како тим, нашиот фокус и натаму ќе биде на одбрано портфолио клучнни меѓународни брендови како што се Coors, Staropramen, Carling, Madri Excepcional и Blue Moon, соопштија од „Молсон корс“.
Од „Глобал брендс“ известија дека имаат многу идеи за иновации кај овие производи што наскоро ќе ги споделат со трговците и со потрошувачите.
Условите од договорот не се објавени.
Фото: Hooch
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.