Од лансирањето во 90 - тите години, Celebrations напредуваше во категоријата кондиторски производи и брзо им стана омилен бренд на многу потрошувачи, како и синоним за Божиќ. Сепак, во последните години брендот се бореше да ја задржи својата важност на пазарот, поради што реши да го смени визуелниот идентитет.
Новото пакување ја дава разиграната личност на брендот Celebrations, инспирирајќи ги потрошувачите да ја споделат радоста со другите, велат од компанијата.
На амбалажата можете да ги видите познатите чоколатца кои се наоѓаат во кутиите Celebrations, вклучувајќи го Bounty, за кое претходно се зборуваше дека ќе биде исфрлено.
Да потсетиме, истражувањето на пазарот во Велика Британија откри дека 40% од луѓето мразат чоколада исполнети со кокос.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.