„Хајнекен“ најави дека планира да затвори или да продаде една од трите француски пиварници, што би можело да влијае врз 220 работни места.
Како што соопштуваат од „Хајнекен“, потенцијалното затворање или продажба на фабриката во Шилтигем, во близина на Стразбур, ќе ѝ овозможи на компанијата да ги концентрира производствените средства во две пиварници наместо во досегашните три, со што ќе обезбеди долгорочна конкурентност на Heineken во Франција.
Компанијата планира да инвестира околу 100 милиони евра за модернизирање, проширување и подобрување на перформансите на преостанатите пиварници во земјата, отворајќи нови работни места на двете локации.
Ги разбираме емоциите предизвикани од можното затворање или продажба на пиварницата во Шилтигем, за која сите сме исклучително приврзани, но оваа фабрика страда од многу ограничувања поради локацијата, која повеќе не е стратешка, но и од трошоците за производство кои се превисоки, изјави Паскал Жиле, извршен директор на „Хајнекен“ – Франција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.