Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ја намали својата прогноза за светското производство на житни култури во 2022 година за 7,2 милиони тони овој месец и сега е поставена на 2.756 тони. Тоа се два отсто или 57 милиони тони помалку во однос на претходната година. Намалувањето главно се однесува на пченката, а во помала мера на пченицата.
Глобалното производство на крупнозрнести житарки во 2022 година е намалено за речиси 5 милиони тони до 1462 милиони тони. Намалувањето во однос на минатата година е 3,1 отсто. Неодамнешниот пад во голема мера ги одразува помалите изгледи за жетвата на пченка во Украина, каде што многу земјоделци ги оставија земјоделските посеви необрабни. Помал род од претходно предвидениот е забележан во Србија, каде што сушата нагло ги намали приносите.
Глобалното производство на пченица во 2022 година е намалено овој месец за 2,7 милиони тони до 781,2 милиони тони, но сепак е рекордно. Сушата во Аргентина ги намали приносите и изгледите за производство. Таа загуба беше делумно неутрализирана со растот во Обединетото Кралство, Северна Ирска и Казахстан.
Кај оризот, во 2022 година ќе падне за 2,4 отсто под рекордот од 2021 година на вкупна количина од 512,8 милиони тони.
На северната хемисфера во тек е сеидбата на зимската пченица за 2023 година. Во САД беше речиси завршена до средината на ноември, но сушата влијае на посевите. Во Европската Унија условите се поволни и има доволно врнежи. Меѓутоа, војната во Украина речиси ќе ги преполови засеаните површини.
Обилните дождови и релативно пониските цени на домашниот пазар може да ги намалат засеаните површини во Русија. Од друга страна, високите домашни цени поттикнуваат сеидба на пченица во Кина и Индија, додека како резултат на големите поплави во Пакистан, површините би можеле да бидат помали. Во јужната хемисфера во тек е сеидба на крупнозрнестите житарки. Бразил има рекордна површина под пченка, додека во Јужна Африка се намалуваат.
Кога станува збор за пченицата во 2022/23 година, прогнозата е непроменета во однос на минатиот месец и изнесува 775 милиони тони. Зголемувањето е 0,2 отсто во однос на нивото од 2021/22 година, а зголемена е и употребата на пченицата за исхрана.
Прогнозата за светското користење на житарки во 2022/23 година е на 2777 милиони тони, што е речиси непроменето во однос на претходниот месец. Тоа укажува на пад од 0,7 отсто или 21 милион тони споредено со 2021/22 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.