„Лидл“ веќе трета година по ред беше прогласен за најдобар трговски синџир во Шведска од страна на потрошувачите.
Оваа награда ни е посебно важна бидејќи потрошувачите се тие кои бираат кој е најдобар трговец во Шведска. Тоа го покажува нашиот силен однос со нашите купувачи и е доказ за фантастичната работа што секојдневно ја вршат нашите колеги ширум земјата. Продолжуваме да докажуваме дека висок квалитет не мора да чини богатство. Освојувањето на оваа награда, трета година по ред, не прави неверојатно горди. Тоа покажува дека сме на вистинскиот пат напред, заедно со нашите купувачи, соопштија од „Лидл“.
Шведскиот огранок освои награда за најдобар синџир продавници во категоријата прехранбени производи.
„Трговец на годината во Шведска“ е дел од проектот „Трговец на годината“ што се организира во 11 различни земји. Секоја година, трговците во Португалија, Италија, Австрија, Русија, Луксенбург, Белгија, Швајцарија, Германија, Холандија, Данска и Шведска се натпреваруваат за титулата „трговец на годината“ во своите земји. Победата потоа им дава можност да се натпреваруваат за „трговец на годината“ во Европа, најголемата европска награда за трговците која со гласање ја доделуваат потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.