Свет

„Кооп“ – Данска ќе се прости од „Факта“

03 Nov 2022

„Кооп“ ги поедноставува своите формати за малопродажба во Данска и ќе го ребрендира банерот „Факта“ до крајот на оваа година.

Синџирот супермаркети „Факта“ почна со работа во 1981 година и има речиси 360 продавници во земјата. Од трговскиот синџир открија дека ќе се фокусирааат на новиот дисконтен формат „Кооп 365“. Поголемиот дел од објектите „Факта“ ќе бидат претворени во дисконти „Кооп 365“, а некои продавници целосно ќе бидат затворени. Според „Нилсен“, дисконтниот формат на „Кооп“ забележа пораст на продажбата, кој е многу подобар од сите други формати.

Дополнително, двата други формата на трговецот – „Супер бругсен“ и „Квикли“, ќе се спојат и ќе работат како еден унифициран синџир. Со вкупен промет од 3,36 милијарди евра, тоа ќе биде најголемиот синџир супермаркети во Данска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...