Рускиот дисконтер „Мере“ најави затворање на единствената своја продавница во Белгија само четири месеци откако истата беше отворена.
Компанијата ги известила своите добавувачи да ги соберат производите до крајот на неделава, по што ќе се знае дали ќе има и распродажба на производите што ќе останат.
„Мере“ лани ја објави намерата да влезе на белгискиот пазар и отвори продавница близу Брисел, но не успеа да привлече околку купувачи колку што очекуваше.
Набрзо по инвазијата на Украина, „Мере“ ги затвори и своите британски и шпански продавници и ги стопира плановите во Франција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.