Пониските приноси на кафе во Бразил кој е најголем производител во светот, би можеле да предизвикаат зголемување на цените на кафето во наредните месеци.
Според проценки на аналитичари за „Волстрит журнал“, приносите на некои фарми се очекува да бидат пониски за 50 отсто. Покрај Бразил и насадите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, беа погодени од влажното време.
Пазарните аналитичари велат дека очекувањата за приносите на годинашната реколта поради екстремните временски услови во 2021 година се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт. Тоа, пак, се очекува дополнително да ја зголеми цената на берзите која почна да расте уште лани. Лани поради сушата и мразот што го погодија производството во Бразил фјучерсите на кафето се зголемија за речиси 90 отсто.
Во февруари цената на кафето скокна на 10 годишен максимум од 2,59 долари за фунта и остана повисока од претходните години, што претставува зголемување од 18,06% во однос на претходната година.
Дополнително зголемување на цената се очекува и поради спецификите на производството и бербата на кафето во Бразил. Традиционално, тоа се одвива во двегодишен циклус, при што земјоделците собираат поголеми количества од сортата „арабика“ во парни години.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.