Американскиот синџир супермаркети „Волмарт“ малку ја зголеми прогнозата за профитот за целата година, сигнализирајќи дека го стабилизира својот бизнис откако ја намали прогнозата пред три недели, објави „Блумберг“.
Прилагодената заработка достигна 1,77 долари по акција во вториот квартал, надминувајќи ја просечната проценка на аналитичарите од 1,63 долари по акција.Заработката по акција севкупно ќе падне за не повеќе од 11% во оваа година, во однос на минатомесечното предупредување за пад до 13%. „Волмарт“ се обидува да ја надмине промената во навиките на потрошувачите бидејќи инфлацијата ги принудува потрошувачите да плаќаат повеќе за основните добра. Тоа остава помалку пари за општи набавки на стоки, кои обично се попрофитабилни за „Волмарт“ од намирниците. Во исто време, ја принудува компанијата да ги намали цените на облеката и другите стоки за да се справи со прекумерните залихи.
Постигнавме добар напредок во текот на кварталот за оперативно да ги подобриме трошоците за синџирот на снабдување и таа работа продолжува, соопшти трговецот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.