Свет

„Џонсон & Џонсон“ ќе престане да ја произведува пудрата за бебиња

16 Aug 2022

Компанијата „Џонсон & Џонсон“ од следната година ќе престане да ја произведува и продава својата позната бебешка пудра  „Johnson & Johnson“,, ширум светот. Оваа објава доаѓа по повеќе од две години откако гигантот престана да продава пудра во прав во САД, објави Би-би-си. 

Пудрата со децении се користи ширум светот за нега на бебиња. Нејзината улога е да ја апсорбира вишокот течност, така што кожата останува сува во текот на денот. 

Особено во последно време, за овој бренд се појавија низа контроверзи. И покрај подобрувањето на формулациите и почитувањето на стандардот „Best for Baby™“, американскиот фармацевтски гигант веќе плати околу 3,5 милијарди долари за порамнување поради овој производ до крајот на 2021-ва година – врз основа на тужби од граѓаните, поради наводната штетноста на неговиот талк за бебињата.Во тужбите се наведува дека производот содржат азбест што предизвикува канцер на јајници и мезотелиом. Компанијата со години ја негираше врската меѓу пудрата и болеста. И сега ставот на  „Џонсон & Џонсон“е дека независни истражувања покажуваат дека производот е безбеден за употреба.

Како дел од светската проценка на портфолиото, донесовме комерцијална одлука да се префрлиме на портфолио на пудри за бебиња на база на пченкарен скроб, се вели во соопштението од компанијата.

Уште во 2020 година „Џонсон & Џонсон“ соопшти дека ќе престане да продава бебешка пудра на база на талк во САД и Канада, бидејќи побарувачката е намалена поради, како што велат, „дезинформациите“ поврзани со безбедноста на производите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...