„Гебрудер Вајс“ го зголемува бројот на услуги на Новиот пат на свилата меѓу Европа, Турција и Кина. Фокусот е на рутите на Средниот коридор, кој поминува низ Турција, Грузија и Казахстан, до Кина.
Оваа рута е географски пократка и директно се надоврзува на услугите што „Гебрудер Вајс“ секојдневно ги пружа меѓу западна и југоисточна Европа, Турција и Тбилиси (Грузија). Логистичките центари на компанијата во Тбилиси и во Алмати (Казахстан) ќе служат како центри за меѓународен и регионален транспорт, а стоката од тие центри ќе се транспортира со патен, поморски и железнички пат долж Новиот пат на свилата, како и по други патишта до земјите во Централна Азија и до Кина. Компанијата се подготвува за силна побарувачка на транспортни капацитети и од сега во понудата ќе има поголем број камиони за патен транспорт на оваа рута.
Очекуваме побарувачката за патен транспорт да се зголеми, откако Кина повторно ги отвори своите граници што претходно беа затворени поради пандемијата. фактот дека имаме долгорочни договори со лојални регионални партнери значи дека на нашите клиенти можеме да им понудиме доволно товарен простор, редовни услуги и прифатливо траење на транспортот, соопштија од компанијата.
Од таму нагласуваат дека го поддржуваат индустриското и трговското работење на пазарите во развој долж традиционалните трговски патишта со решенија за транспорт и логистика повеќе од 20 години, преку своите филијали во Турција, Грузија, Ерменија, Узбекистан, Казахстан и Кина. Од таму „Гебрудер Вајс“ организира директни врски меѓу Европа и Азија, но им дава услуги и на државите во Централна Азија, и тоа за сите видови транспорт, царинење, магацинска логистика и е - нарачки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.