Свет

ММФ прогнозира зголемен ризик од глобална рецесија во 2023

07 Jul 2022

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека изгледите за глобалната економија значително се намалуваат од април и дека не може да се исклучи потенцијалната глобална рецесија следната година, со оглед на зголемените ризици.

Георгиева во интервју за „Ројтерс“ рече дека ММФ во наредните недели по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2022 година, додавајќи дека економистите на Фондот се уште ги финализираат новите бројки. ММФ се очекува да објави ажурирана прогноза за 2022 и 2023 година на крајот на јули, откако ја намали својата проекција за речиси цел процентен поен на 3,6 отсто во април. Глобалниот бруто домашен производ порасна за 6,1 отсто во 2021 година.

Изгледите значително се затемнија од нашето последно ажурирање во април, рече таа, наведувајќи го универзалното ширење на инфлацијата, наглото зголемување на каматните стапки, забавувањето на економскиот раст на Кина и ескалацијата на санкциите поврзани со руската војна во Украина.
На прашањето дали може да ја исклучи глобалната рецесија, таа рече дека ризикот е зголемен, така што не може да се исклучи, додавајќи дека неодамнешните економски податоци покажуваат дека некои големи економии, вклучувајќи ги Кина и Русија, се намалиле во вториот квартал и дека ризиците за 2023 година се уште поголеми. 2022 ќе биде тешка година, а 2023 може да биде уште потешка. Ризиците од рецесија се зголемени за 2023 година, рече Георгиева.

Продолженото заострување на финансиските услови ќе ги комплицира глобалните економски изгледи и рече дека е клучно да се стави под контрола растот на цените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...