Свет

X5 разгледува можност за аутсорсинг-испорака

13 Jun 2022

Руската групација „Х5 ритеил“ ги разгледува опциите за испорака на производи преку услуги од трети страни. Досега компанијата тргуваше онлајн само преку сопствени канали.

„Х5 ритеил“, во чии рамки работат „Питерочка“, „Перекресток“, „Чижик“ и „Карусел“, планира да организира испорака на храна преку надворешни оператори, како што се „Збер маркет“, „Јандекс“ и „Деливери клаб“.

Портпаролот на X5 потврди дека во новите пазарни услови компанијата размислува за испорака преку големи агрегатори. Тој соопшти дека групацијата планира да соработува со трети страни за териториите каде што не може самостојно да се справи со побарувачката.

Оваа пролет X5 најави дека го затвора сопствениот доставен сервис „Около“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...