„Лидл“ купи еден брод и изнајми уште три други, за да му помогнат во намалување на трошоците и доцнењата во транспортот. Трговецот беше принуден на ваков потег поради продолженото нарушување на синџирите за снабдување.
Поради Ковид, блокадата на Суецкиот канал и војната во Украина, најважен меѓу денешните предизвици за трговците на мало е сигурен проток на производи од изворот до полица, достапност на производите, континуитет во снабдувањето и навремена испорака. Покрај тоа, недостатокот на луѓе за работа ги зголемува трошоците на трудот.
Со сопствен капацитет за испорака, „Лидл“ настојува да го обезбеди својот синџир на снабдување и флексибилно да управува со зголемениот обем различни производствени објекти.
Тоа не е прва инвестиција на компанијата надвор од основната дејност „малопродажба“. „Шварц“, матичната компанија на „Лидл“, поседува компанија за управување со отпад, преку која управува со цел циклус за рециклажа на амбалажата. Покрај тоа, „Шварц“ купи и голем удел во провајдер за интернет безбедност, кој ги штити ИТ системите на трговците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.