Свет

„Кока кола“ отвори продавница за висока мода во Лондон

29 Apr 2022

„Кока кола“ ги отвори вратите на својата прва продавница за висока улична мода во лондонски „Ковент гарден“.  Ова е прва продавница за облека на брендот во Европа и нуди гардероба под брендот Coca - Cola, во ограничено издание и резултат на ексклузивна соработка со дизајнери.  

Продавницата работи од вчера и нуди од улична до работна гардероба, како и одржлива облека и модни додатоци направени од рециклирани шишиња Coca - Colа. Во продавницата се нуди и ексклузивна колекција дизјнирана во соработка со тексас брендот Lee, вклучувајќи тексас - јакни, комбинизони и фармерки. 

„Кока кола“ веќе има слични објекти во САД - во Орландо, лас Вегас и во Атланта. 

Оваа продавница е можност и на нашите фанови во Европа да им понудиме врвна лепеза од мода и колекционерски предмети, како и уникатни начини да ги искусат нашите пијалаци. Низ колекцијата производи направени од рециклирачки материјали, имаме одлична можност да ги споделиме со луѓето нашите обврски во поглед на одржливоста и да ги поведеме со себе во свет без отпад, соопштија од „Кока кола“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...