Свет

„Асда“ ќе лансира „буџетски асортиман“

28 Apr 2022

Трговскиот синџир „Асда“ планира да лансира целосно нов т.н. „буџетски асортиман“ со 300 производи до крајот на месецов.

Со овој потег трговецот има намера да ги зацврсти своите ценовни политики и да се справи со перцепциите за квалитетот. Новиот економичен асортиман ќе се вика Just Essentials и ќе го замени досегашниот Smart Price.

Како што соопштуваат од компанијата, новиот асортиман е создаден поради грижите на потрошувачите во врска со трошоците за живот. Инфлацијата на храната во Обединетото Кралство скокна за 5,3%, што е највисоко ниво во последните 30 години.

Трговецот го забрза првичниот временски распоред за лансирање и на доставувачите на приватни марки им дава рок од само четири недели за да го осмислат и реализираат асортиманот на производи. Доставувачите се прашуваат дали е можно да се пушти во употреба таква линија само со известување од неколку недели однапред.

Покрај новиот асортиман, „Асда“ почна да ги реосмислува и производите во сите категории, отстранувајќи илјадници артикли. Трговецот, исто така, ја стартува и програма Nurture, специјално наменета за малите и средни претпријатија, која им дава наменски простор на полиците и ги поддржува доставувачите во развој. Доставувачите што се избрани да се приклучат на програмата ќе имаат пристап до податоци што ќе им помогнат да го подобрат асортиманот, ќе имаат посебни обуки и посветен тим за поддршка на нивниот пораст. Потрошувачите се мотивираат да даваат повратни информации за нивните омилени производи, а артиклите што ќе се покажат како популарни, ќе бидат дел од главниот асортиман на трговецот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...