Германскиот трговец „Едека“ покрена програма наречена „Какао на иднината“ („Cocoa For Future“) во обид да одговори на различните еколошки и општествени предизвици во производството на какао.
Програмата има за цел одгледувањето на како да го направи поодржливо и поотпорно на климата, да го заштити биодиверзитетот и да ги подобри условите за живот на малите фармери и на нивните семејства.
Со поддршка од партнерите, „Едека“ во почетокот во програмата ќе ја вклучи една од најголемите какао - задруги во Африка. Програмата ќе се фокусира на промоција на агрошумското одгледување меѓу локалните мали одгледувачи, кои воглавно обработуваат само мали површини. Но, поради монокултурата квалитетот на земјиштето е лош, па ново земјиште мора да се бара и меѓу нечепнатите шуми. Исто така, ќе се развијат и имплементираат индивидуално прилагодени превентивни и корективни мерки во соработката со одгледувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.