Американскиот синџир супермаркети „Волмарт“ ги надмина очекувањата за годишен профит и продажба во САД. Компанијата сигнализира стабилна побарувачка во продавниците, иако проблемите со синџирот на снабдување за време на празничната сезона и неконтролираната инфлација на трошоците ги затегнаа нејзините маржи.
Акциите на најголемиот светски трговец на мало пораснаа за 3,3% во претпазарното тргување.
Иако „Волмарт“ ги зголеми цените на некои од своите производи, компанијата сè уште ги победува своите конкуренти поради нејзиниот обем и преговарачка моќ со добавувачите, помагајќи и да добие пазарен удел во клучните области како што е храната. Фокусот на компанијата на стратегијата за ниски цени секој ден ги зголеми трошоците бидејќи троши повеќе за да ги заобиколи предизвиците на синџирот на снабдување со забрзување на испораките и ангажирање цели товарни бродови.
Од компанијата велат дека трошоците за синџирот на снабдување биле 400 милиони долари повисоки од очекуваните претходно во кварталот. Сепак, трговецот на мало успеа да постигне раст од 45 базични поени на маргините во САД, делумно поддржан од повисоките приходи од неговиот адвертајзинг бизнис „Волмарт конект“.
Компанијата предвидува раст на прилагодената добивка по акција за фискалната 2023-та година од 5 на 6%, додека аналитичарите очекуваат пораст од 4,4%, според „Рефинитив“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.