Свет

Растат брендовите на „Фереро“

22 Feb 2022

Италијанската групација „Фереро“ во 2021 година оствари промет од 12,7 милијарди евра, што е зголемување за 3,4% во споредба со претходната година.

Групацијата забележа пораст на одредени пазари, вклучувајќи ги Франција, Германија и Кина, а и го консолидираше пазарниот удел во повеќе региони.

Брендовите Ferrero Rocher, Kinder Bueno, Kinder Joy и Kinder Chocolate забележаа пораст во текот на ланската година, а дополнително, на групацијата ѝ помогна и лансирањето на нови производи, како што е сладоледот Raffaello.

Освен тоа, „Фереро“ заврши и неколку иницијативи – ги зголеми инвестициите во брендовите, ги зајакна внатрешните истражувачки и развојни активности, инвестира во проширување на фабриките и во опрема.

Како дел од стратегијата за технолошки развој, групацијата го прошири производствениот капацитет, со вкупни капитални инвестиции од 839 милиони евра. Главната инвестиција вредна 757 милиони евра, опфаќа недвижен имот, постројки и опрема во Италија, Германија, САД и во Полска.

Групацијата „Фереро“ се состои од 107 компании и 32 производствени капацитети низ целиот свет, а производите ги продава директно и преку дистрибутери во повеќе од 170 земји.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...