Свет

„Унилевер“ најавува разрешување на 1.500 директори

26 Jan 2022

Холандско-британскиот FMCG-производител „Унилевер“ најави 1.500 откази на директорски позиции, како дел од реорганизацијата по неуспешниот обид да го преземе одделот за здравствена нега на „Глаксо Смит Клајн“.

„Унилевер“ вработува околу 149.000 луѓе низ целиот свет, а во најавата за отпуштањата посочува дека работниците во производството не треба да стравуваат за работните места. Компанијата планира да го реорганизира бизнисот во одделите за козметика и велнес-производи, како во тие за лична нега и одржување на домаќинството, храна и сладолед.

Новиот модел на организација беше развиен минатата година. Преминот кон 5 деловни оддели, фокусирани на поединечни категории (производи), ќе ни овозможи подобро да одговориме на трендовите на потрошувачите, вели Алан Џоуп, генерален директор на „Унилевер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...