Свет

„Линдт“ има помали приходи поради проблеми со снабдувањето

21 Jan 2022

Швајцарскиот производител „Линдт“ очекува приходите од неговите чоколади да пораснат помалку во 2022 година во споредба со претходната година. Компанијата, исто така, ги обвини проблемите со синџирот на снабдување за забавување на продажбата во Северна Америка кон крајот на минатата година.

Производителот на популарните чоколадни бомбони Lindor, кој продолжи да троши на реклами и нови производи за време на пандемијата, соопшти дека зголемувањето на пазарниот удел довело до зголемување од 13,3 отсто на органските приходи во минатата година.

„Линдт“, заедно со другите производители на чоколади, се соочи со опаѓање на побарувачката во 2020 година, но продажбата добро се опорави во 2021 година, бидејќи луѓето јадеа повеќе слатки и купуваа подароци за пријателите и роднините што не можеа да ги видат среде пандемија.

Големите европски пазари и онлајн бизнисот ѝ донесоа на компанијата двоцифрен раст, но продажбата во Северна Америка забави на 10,7 отсто на годишно ниво од 18,8 отсто во првата половина, велат од компанијата.

Доцнењето е „делумно поради привремените проблеми со синџирот на снабдување предизвикани од недостигот на работна сила и материјали во три производствени единици. 

Преземени се мерки за дополнително подобрување на состојбата. Уверени сме дека ќе се вратиме во нормала во првиот квартал од 2022 година, додаваат од „Линдт“.

Очекуваат приходот од органска продажба да порасне за 5-7 отсто во оваа година, во согласност со среднорочните и долгорочните прогнози.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...