Свет

Светскиот економски форум во Давос нема да се одржи сега во јануари

11 Jan 2022

Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот.

Годишниот состанок на светските бизнис и политички лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во Давос, Швајцарија, е откажан поради зголемување на заразените случаи со сојот Омикрон. Делегатите се информирани навреме, соопштија организаторите.

Самитот на високо ниво, кој вообичаено ги собира водечките фигури од бизнисот, политиката и дипломатијата, наместо тоа ќе се одржи на почетокот на летото.

Минатогодишната средба, исто така, беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...