Свет

Австрија ќе воведе кауција за пластични шишиња и лименки

15 Oct 2021

Австриската влада усвои нов закон за отпад со кој ќе се воведе кауција за пластични шишиња и лименки.

Според тој закон, кој мора да биде усвоен и од Парламентот, предвидено е од 2025 година да се плаќа кауција за пластични шишиња и лименки, средства кои купувачите можат да ги вратат штом ја вратат амбалажата во продавница. Кауцијата ќе изнесува по 25-30 центи од шише. 

Од 2024 година, пак, во продавниците ќе се врати понудата за шишиња за повеќекратна употреба, со кауција. Со тоа купувачите добиваат можност за избор - оние кои ќе побараат такво шише, истото и да го добијат. Тие шишиња би се користеле за пиво, сокови, минерална вода, млеко....

Австрија секоја година прави по повеќе од 900.000 тони пластичен отпад, од кои околу 50.000 тони се шишиња. Тоа се околу 2,5 милијарди шишиња и лименки, кои често се фрлаат во природата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...