Трговскиот синџир „Алберт Хеин“ прави чекор понатаму во борбата против отпадот од храна. Трговецот ја прошири кампањата „Bread of Yesterday“ (леб од вчера) во сите објекти.
Имено, непродадениот леб од претходниот ден се продава по намалена цена до следниот ден до 10 часот. Од мај годинава „Алберт Хеин“ го практикуваше овој пилот-проект во 40 продавници.
Трговецот неодамна лансира уште една кампања - „Don't waste me bag“ за намалување на отпадот од храна. Купувачите во 12 продавници имаат можност за едно евро да добијат кеса за повеќекратна употреба, наполнета со свежо овошје и зеленчук што и понатаму е вкусно, иако навидум е оштетено.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.