Свет

„Алди зид“ ја додаде опцијата Alipay

13 Sep 2021

Малопродажниот синџир „Алди зид“ ја додаде опцијата за плаќање преку мобилен телефон Alipay, покрај веќе постојните опции Apple Pay, Google Pay и Sodexo Benefits Pass.

Со овој потег трговецот има цел да го олесни купувањето за потрошувачите, што вклучува брза и лесна обработка на трансакциите. Со повеќе од милијарда корисници, Alipay е една од водечките платформи за плаќање, овозможувајќи им на корисниците да управуваат со речиси сите видови трансакции – од плаќање сметки за електрична енергија до нарачка на прехранбени производи.

Воведувањето на Alipay ќе им ја овозможи позната опција за плаќање на кинеските туристи и на кинеските државјани што живеат во Германија. Услов за користењето на платформата е корисниците да имаат сметка на Alipay, која може да се креира со кинеска банкарска сметка или меѓународна банкарска картичка. Плаќањата се обработуваат со активација на EC-терминалот на касата и со скенирање на QR-кодот со помош на паметниот телефон на корисникот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...