Свет

Холандија: „Шпар“ ќе соработува со 42 пекарници

16 Aug 2021

„Шпар“ - Холандија се здружи со локалниот кооперант „Топ бејкерс“ и на тој начин склучи соработка со 42 локални пекарници, чии производи ќе ги продава во своите маркети ширум земјата. 

Трговецот ги повика сите трговци, но и купувачи, да поттикнуваат купување локални домашни производи. Во таа насока, „Шпар“ уште во 2011 година лансираше низа производи под називот „регионален асортиман „Шпар“) кој се состои од производите на локални земјоделци и мали производители. Низ годините, понудата беше проширена и на овошни сокови, сирење и зачини. 

Исто така, малите производители можат преку „Шпар“ успешно да ги извезуваат своите производи на меѓународни пазари под реномиран и доверлив бренд, соопштија од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...