Свет

Италијaнски „Баско“ нуди асистент кој купува за вас

11 Aug 2021

Италијанскиот синџир супермаркети „Баско“ покрена нова услуга за виртуелен помошник за купување која во целост го персонализира и автоматизира искуството за време на онлајн купувањето. 

Асистентот наречен ЕуГенио подготвува неделна корпа на намирници врз основа на историјата на купување што ја има купувачот и потоа ја испорачува. Картичка за лојалност е неопходна за да се користи оваа услуга. Потрошувачите имаат можност да го потврдат изборот на производи, да ги заменат, како и да додадат свежи производи во нарачката. 

Услугата прво беше тестирана кај вработените, а потоа и кај избрани купувачи. 

„Баско“ е еден од пионирите во италијанската онлајн трговија. Покрена купување преку интернет уште во 2003 година, кога само 11 отсто граѓани купуваа онлајн. Сега тој број е 40 отсто. 

 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...