Свет

„Унилевер“ ги унапредува производите за перење алишта

20 Jul 2021

„Унилевер“ најави стратешко партнерство со компанијата „Арзеда“, како би ги трансформирал одржливоста и перформансите на своето портфолио производи за чистење и перење алишта. 

Во наредните три години, „Унилевер“ ќе ги примени дигиталните биолошки техники на „Арзеда“ за да направи иновативни производи внатре во својот асортиман. Ова партнерство ќе има влијание на брендовите Persil, Sunlight и Surf.

Партнерството е возбудлив чекор напред бидејќи се трудиме нашите производи за перење алишта да ги направиме супериорни, одржливи и пристапни до секој. Се радуваме на соработката со „Арзеда“ и на развојот на нови генерации ултра ефикасни производи за чистење и за перење алишта, со намалено влијание врз животната средина, соопштија од „Унилевер“. 

„Арзеда“ ги оптимизира ензимите кои потекнуваат од природата за да ги замени состојките кои ја загадуваат природата,а често ги има во средствата за чистење и за перење. Освен истражување на ензимите кои се појавуваат во природата, „Арзеда“ е исто така во можност да дизајнира нови верзии со единствени предности кои инаку не би можеле да се создадат. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...