Свет

Како „Алди“ успеа драстично да го намали отпадот од храна?

12 Jul 2021

Трговскиот синџир „Алди“ во Данска за четири месеци „спаси“ околу 118 тони овошје и зеленчук кои инаку ќе завршеа во отпад, и тоа преку соработка со апликацијата за превенција на отпадот „Too Good To Go“.

„Алди“ - Данска продаде повеќе од 47.000 таканаречени „среќни кеси“ со овошје и зеленчук, кои претходно би биле фрлени. 

Горди сме на нашите напори во областа намалување на отпад од храна. Во 2020 година, 60 отсто од нашите продавници го донираа вишокот храна на локални здруженија, а сите продавници продаваа „среќни кеси“ со овошје и зеленчук по значително пониски цени, соопштија од „Алди“. 

Во моментов, компанијата работи на амбициозна стратегија за амбалажа, фокусирајќи се на рециклирана пластика. Целта на трговецот е до 2024 година да се рециклира 100 отсто од амбалажата, како и сите пакувања да се намалат за 15 отсто од нивната сегашна големина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...