Свет

„Амазон“ го надмина претходниот рекорд во продажбата

25 Jun 2021

Трговијата на мало во САД за време на 48-часовниот настан „Prime day“ на Амазон, го надмина претходниот рекорд поставен за време на ланскиот „сајбер“ понеделник.

Вкупниот промет од е-трговија изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари во понеделникот и вторникот, што е за 6,1% повеќе во однос на Prime Day одржан во октомври 2020 година според индексот следен од „Адоб аналитик“, кој вклучува повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници и над 100 милиони артикли во 18 категории на производи.

Продажбата на мало беше 5,6 милијарди долари во понеделникот за време на првиот ден на Prime Day, и 5,4 милијарди долари во вториот ден, се вели во соопштението на Adobe. Минатиот понеделник е најпрометниот ден досега во однос на дигиталната продажба оваа година, а вторникот е втор според вредноста, додаде Adobe.Најголемите попусти на Амазон во понеделникот беа за играчки, чии цени паднаа за 12 проценти. Уредите имаа просечен попуст од 5,2 проценти, додека електрониката забележа пад од околу три проценти.

За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на сајбер понеделникот, прометот беше околу 10,9 милијарди долари, што е рекорд за купувањето преку Интернет во САД и тоа за еден ден.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...