„Нестле“ претстави веганска верзија на чоколадото KitKat, која од половината на јуни може да се најде во продажба во Велика Британија, Полска, Естонија, Летонија и Литванија.
Набрзо по Европа, овој производ ќе го има и на пазарите во Австралија и Бразил.
Нашите експерти го развија KitKat V во истражувачкиот и развоен центар на компанијата во Јорк, Велика Британија, кој е и дом на оригиналното чоколадо KitKat. Предизвик беше да се најде вистински баланс меѓу какаото и алтернативата за млеко, но научниците успеаја да направат совршена рамнотежа на крцкава наполитанка и чоколадо добиено од растителни состојки, соопштија од „Нестле“.
Пради зголемениот интерес за веганска храна, компанијата планира да го прошири портфолиото на производи засновани на билки. „Нестле“ во својата понуда веќе има алтернативи на млеко од овес, соја, кокос, бадеми...
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.