ПЛМА потврди дека меѓународниот трговски саем „World of Private Label“ (Светот на приватните трговски марки), кој првично беше закажан за мај, ќе се одржи на 14 и 15 декември во центарот РАИ во Амстердам.
Многу сме возбудени што го враќаме одржувањето на саемот во физички простор во 2021 година, дури иако е подоцна од првично планираното, истакна Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА.
Според организаторот, годинашниот саем ќе биде во согласност со сите прописи и протоколи поврзани со Ковид-19: широки патеки, средства за дезинфекција на пултовите, специјални димензии на пултовите за да се почитува дистанцата и сл.
Саемот ќе биде приспособен на новите правила, условени од физичката дистанца, додава Дејвис.
На саемот во 2019 година изложуваа 2.700 компании од 70 земји, а присуствуваа 15.000 посетители од 120 земји. Поради пандемијата на Ковид-19, минатогодишниот саем се одржа онлајн од 1 до 4 декември.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.