Ботаничката градина „Алигатор гарден“ од Јапонија се здружи со компанијата „Ханшаро“ и произведоа пиво од банани.
Нивната цел беше да создадат единствен производ за кој се надеваат дека ќе привлече туристи чиј број е драстично намален поради пандемијата.
Во ботаничката градина растат околу 120 стебла банани, од 20 видови. Кога плодовите ќе созреат, внимателно се берат и се праќаат во пиварницата, која годишно произведува по околу 50 видови пиво од банани.
Едно шише од пијалакот чини по околу 8 долари. Планирано е истото да почне да се продава и онлајн.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.