Познатиот FMCG-производител „Рекит Бенкисер“ најави дека во следните три години ќе го промени името во поедноставна верзија, така што групацијата со седиште во Лондон во иднина ќе се огласува како „Рекит“.
Средствата за чистење што се дел од портфолиото на компанијата, меѓу кои Lysol и Dettol, забележаа врвни продажни резултати во текот на пандемијата.
Имињата на брендовите се познати речиси низ целиот свет, но малку луѓе знаат која точно компанија ги произведува. Со скратување на називот, сакаме тоа барем делумно да го промениме. Новиот назив полесно може да се запамети бидејќи е поедноставен, се наведува во соопштението од менаџментот на компанијата.
Групацијата е преименувана во 1999 година, со спојувањето на „Рекит & Колман“ и „Бенкисер Н. В.“. Во иднина компанијата ќе го задржи службениот назив, но маркетиншки ќе се претставува со скратениот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.