Свет

„Монделез“ го презема британски „Гренејд“

01 Apr 2021

Светски познатиот производител „Монделез“ најави дека ќе го откупи мнозинскиот удел во компанијата „Гренејд“, која се занимава со производство на протеинските плочки Carb Killa.

Засега официјално не се познати деталите за преземањето, но се шпекулира дека договорот ќе тежи околу 232,5 милиони евра. Коосновачот Алан Барат ќе го задржи малцинскиот удел.

Како што соопштија од „Монделез“, со овој потег компанијатата има намера дополнително да го прошири бизнисот во категоријата здрави грицки. Одличниот вкус и трендовските производи се одлична платформа за понатамошниот развој на брендот на пазарот на Велика Британија, но и пошироко, порача Дирк Ван де Пут, извршен директор на „Монделез“.

Британската компанија „Гренејд“ е основана во 2010 година од Алан и Џулиет Барет. Четвртина од продажбата компанијата генерира од онлајн-каналот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...