Компанијата „Унилевер“ веќе нема да го користи зборот „нормален“ на производите за убавина. На овој потег се одлучи по критиките на некои од рекламните кампањи за своите производи.
Исто така, нема да ги менува бојата на кожата и изгледот на телата на своите модели, како би биле поинклузивни.
Знаеме дека отстранувањето на зборот „нормален“ нема да го реши проблемот, но веруваме дека ќе биде важен чекор кон инклузивна дефиниција на убавината, соопштија од Одделот за убавина и лична нега на „Унилевер“.
Кампањата од 2017 година за шампонот Dove беше јавно осудувана бидејќи прикажуваше жена со црна боја на кожа која ја соблекува маицата, па открива жена со бела боја на кожа.
Повеќе од стотина „Унилевер“ брендови до следната година ќе го заменат зборот „нормален“ за опишување тип на кожа или текстура на коса, со зборови како „седа коса“ на шампоните или „обновување на влажноста“ на кремите за кожа.
Компанијата спроведе анкета во која учествуваа 10.000 луѓе ширум светот, при што повеќе од половина испитаници се изјасниле дека се чувствуваат исклучено поради употребата на „нормален“ за опис на тип кожа или коса, додека 70 отсто одговориле дека овој збор во рекламите за нив има негативно влијание.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.